НУЦК “Антон Панов” – Струмица

Народниот театар Антон Панов, основан е далечната 1949 година, и во годините на своето постоење поставил на сцена повеќе од 350 премиерни изведби од познати светски и домашни автори  со плејада од познати акерски имиња и режисери.

Стратешки, тенденцијата е не само поставување на сцена актуелни и популарни дела со градење перманентна присутност и театарска култура во градот, туку и популаризирање на оваа дејност кај младата популација со генерирање нови вљубеници и идни кадри.

Во овој сектор се вработени вкупно 20 луѓе, од кои 9 актери,8 сценски работници, како и 3 административци предводени од раководител на сектор.
Годишно подготвува и реализира околу 5 премиери со околу 50-тина репризи, по дела од домашни и странски автори. Учествуваат  на сите домашни театарски фестивали и манифестации, а имаат и соработка со повеќе странски театарски куќи.

Објект Детали
X