1.000 Причини за Забава – 1.000 Мотиви за Работа

Безвременските хитови, несебичните изведувачи, ладните пијалоци во жешката летна ноќ, свежо ветре и многу позитивна енергија! Вака со една реченица можеме да го опишеме нашиот прв официјално организиран настан. Презадоволни сме од посетеноста и од атмосферата која владееше во текот на целата вечер. Им благодариме на луѓето од Диско Базен AQUARIUS за помошта и посветеноста кон настанот, им благодариме на сите изведувачи кои беа дел од овој наш настан и најмногу им благодариме на сите гости кои беа дел од нашето прво излагање, за нивната несебична поддршка и изборот за да не посетат вечерта.

Заедничката енергија која ја споделивме меѓусебе беше неверојатна и со сигурност беше поттик за понатамошните наши проекти и настани, поопфатни и помасовни.

Вашето задоволство е наш мотив за понатамошно работење! Ви благодариме!

X