Туристички настани

Иако територијално мала, нашата држава слободно може да се пофали со богата понуда на атракции и активности кои ќе придонесат времето на гостите да биде ефективно и квалитетно исполнето, а тие уште долго да го паметат својот престој кај нас и да зборуваат насекаде за нашето гостопримство. Уште кога и организатор на сите настани ќе бидеме ние, не смонено е дека поминот ќе биде незаборавен!
Покрај стандардните езерски, бањски и планински туризам, несомнено мораме да ги споменеме и гастрономијата и забавата! Спојот од традиционално и модерно, секако дека чуден, но одлично се вклопува во приказната кога се работи за овие две гранки кај нас. Традиционалните специјалитети, домашно вино и ракија со префинет квалитет, како и богатата понуда на културни и забавни манифестации и збиднувања, кои го опфаќаат сечиј вкус, дури и оној најистенчениот, во комбинација со релативно пристпните цени за сечиј џеб, што сумирано така, не им остава ниту тронка простор за двоумење на гостите, туку само повод за опуштено уживање.
За оние малку поавантуристички настроени, независно дали ќе се одлучат да не посетат на лето или в зима, меѓу другото, предлагаме и еднодневни тури за пешачење или планинарење, велосипедски тури, посета на водопади, скијање, кајакарење, јавање на коњи, парагвајдинг, нуркање и уште многу.

Вршиме целосна организација на тури за посети на културни знаменитости низ целата држава. Без оглед за каков тип на посета се работи, ние организираме се од А до Ш, од превоз, сместување, влезници и водич. На Вас е само да го одберете местото и времето.

  • Крстарење
  • Цркви, манастири, џамии
  • Музеи и изложби
  • Природни богатства

Не морате повеќе да барате опции за сместување неколку месеци претходно. Ние имаме соработка со најдобрите сместувачки капацитети и секогаш сме во предност пред другите. Без оглед дали сакате да престојувате во хотел, приватен апартман или вила, доволно е да ни се обратите и го добивате најдоброто за Вас!

Забавата со нас никогаш не изостанува. Без оглед на тоа каков тип сте и на какви забави сакате да присуствувате, ние секогаш нудиме различни можности за нашите клиенти да се забавуваат. Во зависност од вашето расположение, ќе Ви понудиме забави кои секако ќе Ви се допаднат и ќе Ви останат засекогаш во сеќавање!

Дневни забави

Кога ќе се спомне забава, тоа најчесто не асоцира на вечерна журка со многу луѓе, гласна музика и јаки светла. Но, ние организираме секаков тип на забави, вклучително и дневни. Без оглед дали се работи за журка покрај базен, прошетка во зоолошка или нешто сосема трето, ние сме овде да го испланираме и организираме тоа, а на Вас е да уживате!

Ноќни забави

Вечерните забави пулсираат во складност со пулсот на нашите клиенти. Луда забава во ноќен клуб, театарска претстава, романтична вечера или опуштена средба со пријателите, изборот е Ваш, реализацијата наша!

X