Не се клади на Енглези 1, 2 и 3

На 29 септември со почеток во 20:00 часот во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде одиграна популарната претстава „Не се клади на Енглези“. Поради големиот интерес за претставата пројавен од гледачите, а по преговори со актерската екипа и другите страни вклучени во организацијата, подоцна се објавени уште два термини за претставата, односно, втора претстава на 29 септември во 22:00 часот и трет термин за претстава на 30 септември , сабота, од 20:00 часот.

Во организација на агенцијата EVENTUM за првпат во Струмица пристигнува една од најиграните македонски претстави на МНТ која досега ја имаат гледано над 20.000 луѓе.

Сашко Коцев како Паун, Оливер Митковски како Пикси и Александар Миќиќ како Буле се извонредните ликовите во урнебесната комедија која го третира феноменот „спортско обложување“.

Дејството на претставата се случува во едно маало со препознатливи ликови и ситуации. Текстот е напишан на сленг, а во него може да се почувствува надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата и болните аспекти на девијантната појава обложување.

Цената на влезниците ќе биде 200 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 18 септември.

Претставата е работена по текст на српскиот автор Владимир Ѓурѓевиќ, а режисер е Синиша Ефтимов. Сценографијата за претставата ја изработи компанијата за мебел – Home by Almak со сценографот Илина Ангеловска, костимограф е Ана Данчевска, а продуцент Виктор Рубен.

X