
Агенцијата Еventum и Диско Базен Аквариус организираат концерт на најдобрите македонски артисти и ненадминливи хитмејкери. На 13 јули со почеток во 21:00 часот во Струмица се спојуваат бендот НОКАУТ и извонредниот актер, водител и пејач Игор Џамбазов.
Нокаут со Игор Џамбазов веќе две децении се најбараните изведувачи за концертни настапи низ Македонија. Особено задоволство е што ги имаме заедно на сцена со комплетен состав и под отворено небо. Оваа комбинација нуди 1.000 причини за одлична забава.